Владата очекува штрајкот да заврши и да се прифати понудата за 10 процентен раст на платите
СОНК да ги прифати понудените 10% и да го заврши штрајкот. Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека Владата на вчерашната седница донела заклучок со кој работна група ќе работи на нов колективен договор и методологија за раст на платите во јавниот сектор согласно законот за минимална плата, а во овој момент вработените во градинките и училиштата се први кои ќе добијат поголеми плати веднаш по ребалансот во јуни.
Министерката за труд уште еднаш потсетува дека штрајкувачите не можат да добијат цела плата за деновите поминати во штрајк туку само придонеси.
ОД ВМРО ДПМНЕ велат дека во услови кога се поскапе, просветните работници единствено што бараат се своите права и треба да Владата им излезе во пресрет и ги реализира. Според опозицијата заканите дека нема да бидат исплатени платите се нереални и незаконски затоа што наставниците штрајкуваат на работните места соглансо закон.
„Уште еднаш апелирам до власта да излезе во пресрет на просветните работници, а сметам дека тие треба да останат на својот став и да истраат до крај затоа што доколку имаме пред два месеци промена и зголемување на минималната плата, тие ништо друго не бараат освен едноставно да се следи таа пракса“, заврши Димитриеска Кочоска.
Штрајкот во образованието трае веќе 8 дена.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар