Бизнис
6. November 2018 - 19:28

Владата не се откажува од прогресивниот данок, најголемата комора во земјава со омекнат став, ССК бара одложување

Владата нема да отстапи од прогресивниот данок.

Премиерот вели дека тоа веќе го направиле кога прагот за даночење од 60.000 го поместиле на 90.0000 денари односно приходите на 1% најдобро платени граѓани во земјава.

 „Мојот приход е 87.000 денари, тоа е платата на премиерот. Зборуваме за приход над премиерската плата, над претседателската плата, веројатно во државата, над пратеничката плата и.т.н. Реално, се акумулираат некои средства од 25 милиони евра, но преку 33,34, милиони евра, враќаме пари за зголемување на 300 проценти на социјалната помош во државата“, рече Заев.

За разлика од премиерот кој не е засегнат од новините, вицепремиерот АНѓушев како човек од бизнис секторот вели дека со зголемениот данок не се задава удар на индустријата. 

Јас сум еден од тие кои ќе подлежат на тоа, мислам дека е правично оние кои имаме поголеми приходи да помогнеме да се изгради пофер општество, изјави Анѓушев.

Коморите пак со различен став. Најголемата комора омекна во рок од 24 часа. Прогресивниот данок за нив не е неприфатлив иако ќе им ги зголеми трошоците во работењето меѓу 35 и 50%.

Вчера пак, истата комора побара одлагање на законот затоа што немаат време да се подготват за новиот начин на даночење.

Сојузот на стопански комори останува цврсто на ставот да се одложи примената на прогресивниот данок.

И Арсовска како дел од другите работодавачи деновиве вели дека данокот се носи без консултации. Тевдовски не се согласува.

Освен прогресивен данок реформата на Владата прдвидува и зголемување на придонесите за сите работници за 0,5%.