Бизнис
28. September 2022 - 16:41

Владата намени средства за топлотна енергија за Скопје - гас би набавиле од Србија а за возврат би вратиле струја

Владата е сигурна дека зимава ќе го згрее Скопје но се уште не е сигурна како ќе го направи тоа. ЕСМ доби 18 милиони евра од Буџетот за да купи гас но се уште нема договор од каде ќе го набавиме гасот, ниту пак каде тој ќе гори за да обезбеди топли радијатори. На само неколку дена пред стартот на грејната сезона, Владата ја греат само надежи дека сите планови ќе се реализираат

Најдоброто сценарио за Владата е да набавиме гас од Србија и во Те-то да го користиме за производство и на струја и на топлина. Струјата да и ја продаваме на Србија а топлинската енергија да ја користиме за да имаме топли радијатори. Дополнително, се планира да работат и топланите на Адора со што би се заокружила грејната сезона. Но, до сега, склучен договор нема ниту со Србија, ниту со Те-то, ниту со Адора

Правилата велат дека грејната сезона во Скопје може да почне најрано на 1 октомври ако температурите надвор се спуштат на просечни 12 степени, а во Владата се надеваат дека наредната недела нема да биде толку студено.