Владата на седница ќе расправа за информации и мерки за состојбата со КОВИД-19
Владата денеска ќе одржи седница на која, меѓу останатото, треба да го разгледа и усвои записникот од 71-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 10 jуни 2020 година.
Како што информира владината прес-служба, на оваа седница на предлог на Министерството за економија на дневен ред, меѓудругото е и Информацијата во врска со Програмата за субвенции за кофинансирање на настани за 2020 година.
На седницата Владата ќе ја разгледа и Информацијата за ставање во функција на веб-страницата за електронски донации solidarnost.gov.mk, со цел да се олесни и поедностави целиот процес на донирање на финансиски средства за сите правни и физички лица кои имаат можност и волја да донираат, како и да се препознае општествено одговорното однесување и да се поттикне солидарноста, во рамки на донаторската соработка.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка