Владата на САД сака да заплени околу 12 милијарди долари имот на Ел Чапо
Владата на САД има намера да заплени имот од 12,6 милијарди долари од мексикански дилер на дрога, Хоакин Гусман, попознат како Ел Чапо, и тоа е износот што неговиот картел го стекнал додека тој бил на чело.
Обвинителот од суд во Бруклин изјави дека е овластен да бара одземање на имот и средства што се стекнати од кривични дела за кои се товари и Ел Чапо и кои се поврзани со шверц на дрога.
Според пресметките на обвинителството, лидерот на картелот за дрога за 25 години, заработил 11,8 милијарди долари од продажбата на кокаин, 846 милиони долари од продажба на марихуана и 11 милиони долари од хероин.
Тие пари биел испрани и користени да се платат соработници и лица од картелот како и добавувачи и комуникациска опрема. Со тие пари купиле и авиони и подморници што се користеле за шверц на дрога.
Неименуван соработник на Ел Чапо пред судот изјави дека шефотживеел луксузно во 90-тите години, кога поседувал четири авиони, куќи на многу плажи, различен имот низ Мексико, како и резиденција во Акапулко.
Сега не се знае дали поранешниот нарко бос го поседува се уште истиот имот по неговото апсење во јануари 2016 година и дали дел од имотот префрлил на семејството и пријателите.
Обвинителството го поднесе тоа барање пред рочиште закажано за 17 јули на кое треба да биде изречена казна за Ел Чапо кому му се заканува доживотен затвор.
Ново на Сител
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид