Владата на Либија издаде потерница по генерал Хафтар
Либиската Влада на национално единство издаде потерница по генерал Калифа Хафтар и шестмина негови офицери, обвинувајќи го дека наредил смртоносни воздушни напади врз цивилно население.
Пред две недели Хафтар и неговите сили презедоа офанзива Триполи, каде е седиштето на меѓународно признаената либиска Влада предводена од Фајез ел Сараџ.
Светска здравствена организација соопшти дека во ескалацијата на судирите убиени се 205 луѓе, а над 25.000 цивили се раселени.
По соборувањето на долгогодишниот лидер Муамер ел Гадафи во 2011 година Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња.
Од летото 2014 година Либија е политички поделена на две влади – самопрогласената во источниот дел на земјата, со седиште во Тобрук што е под контрола на 75-годишниот Хафтар и меѓународно признаената Влада со седиште во Триполи со премиерот Сараџ.
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина