Владата на Косово е во постојан контакт со САД и ЕУ во врска со распоредувањето на српските сили
Косовската Влада соопшти дека „внимателно и будно ги следи последните случувања во врска со движењето на воените единици на вооружените сили на Србија во правец на граничната линија со Косово и е во постојан контакт со САД и земјите од ЕУ во врска со таа сериозна закана од Србија“.
Констатирано е дека воените единици на српските вооружени сили вчера распоредиле свои воени и жандармериски капацитети во 48 напредни оперативни бази долж граничната линија со Косово, неколку километри длабоко на територијата на Србија, а тоа распоредување опфаќа и распоредување на противвоздушни системи и тешка артилерија.
„Многупати изразивме загриженост за постоењето на тие 48 бази на српската војска и жандармерија и укажувавме на веќе докажаниот факт дека тие бази служат како поддршка за можна воена агресија врз Република Косово“, се вели во соопштението на Владата.
„Владата на Косово е во постојан контакт со САД и земјите од ЕУ во врска со оваа сериозна закана од Србија, а реакцијата на САД на овој агресивен пристап на Србија беше непосредна и директна“, се вели во соопштението.
Владата на Косово го повикува претседателот на Србија Александар Вучиќ и институциите на Србија „итно да ги повлечат сите воени трупи од граничната линија со Косово и да затворат и демилитаризираат 28 напредни воени бази и 20 бази на жандармеријата кои претставуваат постојана закана за нашата земја“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тошковски нема да си даде оставка како што побараа денеска од СДСМ по двојното убиство, па самоубиство во Велес
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ