Владата ќе ја одржи редовната 101-ва седница
Информацијата со Извештај за реализирани активности за 2020 година од Националната стратегија за развој на концептот за „Едно општество за сите и интеркултурализам“ и Акцискиот план за спроведување на стратегијата за 2021-2022 година е на дневниот ред на денешната редовна седница на Владата на Република Македонија.
На 101-ва седница денеска Владата ќе разгледува и повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста.
Согласно дневниот ред, на седницата ќе биде разгледана и Информација за ставање на вино во промет и извоз, произведено од винско грозје од берба 2020 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што е најавено, ќе биде разгледана Информација за пристапување на Република Македонија на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за Црноморска економска соработка.
Ново на Сител
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
