Македонија
13. April 2021 - 9:51

Владата ќе ја одржи 65-тата седница

Владата денеска од 12 часот ќе одржи редовна, 65-та седница со повеќе точки на дневниот ред, меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, на предлог од Министерството за образование и наука.

Како што информира владината прес-служба, на седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска врска, ќе се разгледува и Информацијата за реализација на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Македонија и Република Грција, поднесена од Акционерско друштво за вршење енергетски дејности  „Национални енергетски ресурси“ – Скопје во државна сопственост.

Донесените одлуки и заклучоци од оваа седница ќе бидат соопштени по нејзиното завршување.