Владата ќе ја одржи 171-та седница во Куманово
Владата на Република Северна Македонија денеска во Занаетчискиот дом во Куманово ќе ја одржи својата редовна 171. седница на која ќе претседава премиерот Зоран Заев, а ќе присуствуваат сите министри, гости и градоначалниците од регионот.
Како што соопшти владината прес-служба, на оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на општините од регионот, за што во текот на денот на седницата ќе ѝ претходат повеќе теренски активности.
-Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Куманово – Св. Николе. Настанот е предвидено да се одржи во 11:30 часот на околу 500 метри од Затворот во Куманово. Министерот за здравство Венко Филипче во 13 часот ќе ја посети општата болница во Куманово, а во рамки на теренските настани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе ја посети компанијата за месна индустрија Никси, како еден од корисниците на ИПАРД програмата, информираат од Владата.
Од попладневните активности, во 15 часот во Здружението на пензионери, министерот Венко Филипче ќе се сретне со пензионерите од Куманово и регионот, а во 17 часот министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе се сретне со корисници на социјална пензија од Куманово и регионот.
Ново на Сител
-
Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан
-
Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ против полициски служеник во Струмица
-
Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба
-
Пожарникари со пет противпожарни возила гаснат опожарени отпад и сува трева кај Кванташки пазар
-
ЦУК информира за штетите предизвикани од невремето кое го зафати попладнево Скопје – паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери
-
Владата одлучи - ќе се враќа оградата околу владината зграда
-
Владата именува нови директори на неколку државни институции
-
Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство