Владата ја одобри годишната Програма за изградба и реконструкција на патишта
Членовите на Владата на денешната седница ја одобрија Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 година на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), која во делот на инвестициите оваа година има буџет повисок за 4.000.000.000 денари во однос на минатата година, соопшти владината прес-служба.
На оваа седница Владата го утврди текстот и на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, со кој, меѓу другото, се врши усогласување со законодавството на Европската унија во насока на обезбедување механизми и услови за одржување високо ниво на безбедност и стабилност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата и во ЕУ, преку сигурни и транспарентни механизми кои се засноваат на солидарност помеѓу земјите-членки.
Освен усогласувањето со европската директива, со предложените измени се врши усогласување и со домашната легислатива како неопходен услов за ефикасна и непречена имплементација на прописите во пракса.
Ново на Сител
-
Синер убедливо го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
-
Приведен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации
-
Илон Маск по анкета повикува на основање нова политичка партија во САД
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)