Владата ја донесе Стратегијата за здравство 2021-2030
На предлог на Министерството за здравство, Владата вечерва ја донесе Стратегијата за здравство 2021 – 2030 година со Акциски план.
Како што соопшти владината прес-служба, низ транспарентен и инклузивен процес при нејзината подготовка земена е предвид агендата на ЕУ за ефективни, ефикасни и достапни здравствени системи при што, меѓу другото, идентификувани се три клучни прашања.
Првото е поддршка за зајакнување на ефективноста на здравствените системи, што опфаќа успешност на здравствениот систем, квалитет и безбедност на здравствената заштита и интегрирањето на здравствената заштита на сите нивоа и зголемување на достапноста до здравствената заштита со фокус врз здравствената работна сила.
– Заложбите за планирање треба да осмислат одржливи решенија на ниво на ЕУ со кои ќе се обезбеди доволен број на соодветно квалификувани здравствени работници со вистинските вештини потребни за давање на здравствената заштита на сите на кои им е потребна; и подобрување на здравствените системи и улогата на е-здравството, проценка на здравствената технологија и здравствените информатички системи, стои во соопштението на владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
