Владата: Го повикуваме СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10 проценти
Владата денеска на седница ги задолжила министерствата за образование и наука, зa труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти. Од Владата го повикуваат Самостојниот синдикат за образование, наука и култура да го прифати ова покачување и, како што посочуваат, во интерес на децата да продолжи образовниот и згрижувачкиот процес.Владата воедно ги задолжила Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да ги преземат сите чекори за одржување настава во основното и средното образование, и згрижувањето на децата во градинките согласно уставно загарантираното право за образование и за предучилишна грижа на децата и согласно законски утврдените одредби за одвивање на настава во услови на штрајк.
-Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк. Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да достават информација до Владата за одговорот на СОНК во врска со овие заклучоци, како и да побара писмено известување врз основа на кој правен акт е прекината наставата во основните и средните училишта и врз основа на кој законски акт персоналот на предучилишните установи одбиваат да ги примат децата, се истакнува во соопштението.
Владата ги повикува раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата, учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките.
-За жал не. Разговорот беше во правец на попуштање на тврдото „не“ и во правец да се изнајде уште некој процент за да може ние во членството да побараме штрајкот да се стави во мирување или да се прекине. Министерот вели: Толку е и не може ни процент понатаму да се оди. Се разбира, и другите барања кои ги имаме доставено писмено до министерството, и за нив да се расправа на Влада, а тоа е усогласување на платите согласно Колективниот договор наредните две години, да се планира буџетот за 2023 и 2024 година, потпишување колективни договори со што ќе се регулираат некои прашања. Така што, не е само ова сламка на сопнување, туку имаме и други работи, рече Неделков за МИА.
Штрајкот на вработените во образованието и во детските градинки почна на 11 април.
Ново на Сител
-

На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови
-

Во БИХ се одржуваат општи избори
-

Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Индонезија
-

Трамп: Не можете едноставно да ги исклучите дата центрите, блокирањето технолошки проекти ќе ѝ даде предност на Кина
-

Соборно литургиско чествување по повод Денот на сите македонски светители и 40 години од епископската служба на архиепископот Стефан
-

Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратон
-

Стартува 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, со рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји
-

Студено наутро, сончево и релативно топло преку ден
