Владата го одобри анекс договорот за финиширање на автопатот Миладиновци-Штип
Владата на Република Македонија на денешната седница гоприфати текстот на Анексот кон Договорот за изградба на патната делница Миладиновци-Штип заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата Синохидро.
Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека на предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата ја разгледа информацијата за потребата од донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци–Штип и патна делница Кичево-Охрид, заради склучување Анекс кон Договорот за изградба на патна делница Миладиновци–Штип. На седницата беше разгледан и прифатен текстот на Анексот кон Договорот за изградба на патна делница Миладиновци - Штип заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата Синохидро.
Владата одлучи вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев,министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и в.д. директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов да го потпишат Анексот број 1 кон Договорот за изградба на патна делница Миладиновци - Штип, откако тој ќе помине и ќе биде усвоен низ процедурата во Соранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица