Владата ги прифати оставките на Мизо и Грозданов, разреши директори и назначи нови
Владата на Република Македонија синоќа на седница ги прифати оставките на Виктор Мизо, директор на Дирекцијата на технолошки индустриски развојни зони, како и на Цветко Грозданов, генералниот директор на АД за стопанисување со станбен простор и деловен простор.
Владината служба за информирање соопшти дека разрешени се Муедин Кахвеџи, директор на Педагошка служба, Весна Хорватовиќ од должноста директор на Бирото за развој на образованието, Костадин Богданов од должноста директор - владин агент на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, орган во состав на Министерство за правда, на негово барање.
- За вршител на должноста директор - владин агент на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, орган во состав на Министерство за правда на предлог на министерот за правда, е именувана Драгица Џонова. За директорка на ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, избрана д-р Елена Јованова-Грујовска, научен советник, стои во соопштението.
За членови на НО на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје, како што се наведува, именувани се Никола Поповски, Веланд Рамадани и Кирил Колемишевски и Софче Јовановска, согласно член 17 став 4 од Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, а по добиена согласност од гувернерот на Народна банка на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Уапсени родители од Дебар, ја терале малолетната ќерка да питачи
-
По седум месеци лекување утрово почина Панчо од ДНК
-
Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Македонија и во Србија
-
Престанувањето со пушење го забавува губењето меморија и подоцна во животот
-
Уништувањето на шумите се забрзува: За една година загубена површина со големина на половина Англија
-
При претрес пронајдена дрога, приведени две лица од Кочани
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-
Томасон за поразот на Шведска од Косово: Заборавивме како да постигнуваме голови