Владата денеска во 12:00 часот ќе одржи седница
Владата на Република Македонија денеска со почеток во 12:00 часот ќе ја одржи редовната 83-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопшти владината прес-служба.
На седницата, ќе биде разгледан Записникот од четириесет и третиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, одржан на 28 јуни 2021 година.
Пред министрите ќе се најдат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од ресорното Министерство и Информацијата за Проектот „Родова еднаквост во спортот“, изготвена од Агенцијата за млади и спорт.
За донесените одлуки и заклучоци од владината 83-та седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп