Владата денеска ќе ја одржи 30-тата седница

Владата на Република Македонија, денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 30-та седница.
На оваа седница, Владата ќе го разгледа Извештајот за спроведување на Законот за субвенционирање на станбен кредит со Предлог-одлука за времетраење на јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање на субвенциониран станбен кредит во 2021 година.
На дневен ред за разгледување е и Предлог-програма за изменување на Програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2020 година, како и Предлог-програма за изменување на Програмата за статистички истражувања за периодот 2018-2022 година.
За заклучоците и одлуките од 30-тата Владина седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение.
Ново на Сител
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
