Владата денеска ќе ја одржи 11-тата седница
Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 11-та седница, со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.
На денешната седница Владата ќе го разгледа записникот од шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 13 октомври 2020 година.
На предлог на Министерството за финансии, на оваа седница ќе се стави на усвојување Предлог завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2019 година.
Министрите во Владата на седницата ќе се произнесат по Годишниот извештај за работата на Државното правобранителство на Република Македонија за 2019 година.
Министерството за транспорт и врски за оваа седница на дневниот ред ги стави точките Информација за напредокот на проектот Изградба на железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце“ помеѓу Република Македонија и Република Србија, за период до 30 септември 2020 година, како и Информација за воведување на информациски систем за управување со енергијата - ЕМИС, за период до 30 септември 2020 година.
Редовната 11-та седница на Владата на Република Македонија, ќе се одржи преку видео-конференциска врска, и е предвидено да започне во 12:00 часот.
Ново на Сител
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп