Владата даде согласност за Македонска Пошта
Владата даде зелено светло Македонска Пошта да почне преговори со деловните банки, за да продолжи со работа. По стечајот на Еуростандард, речиси еден месец Пошта не врши платен промет, не се исплаќаат пензии, ниту социјална помош, а граѓаните не можат да си ги платат сметките за комуналии и струја, затоа што овие услуги Пошта ги обезбедување преку Еуростандард, за соодветен надомест.
Првиот човек на Пошта, Ејуп Ристеми за Сител вели дека уште утре ќе свика Управен Одбор, на кој ќе се дефинираат критериумите за избор и ќе се повикаат сите банките да достават понуди. Колку време би траел изборот на банка, не можеше да прецизира, но вети дека ќе се одбере онаа која ќе понуди најдобри услуги.
Попледнево Синдикатот побара итна средба со Заев, затоа што платите и егзистенцијата им е доведена во прашање
Сериозно е нарушено работењето, повеќе од 20 дена на дневна основа генерираме сериозни загуби со оневозможување на платниот промет на 300 поштенски единици. Прекинати се приходите од меѓународниот сообраќај и намалени оние од внатрешниот сообраќај во изминатите шест месеци. 2.300 вработени стравуваат за своите плати и работни места. Тоа е директна закана за егзистенцијата и нивните семејства. а неработењето на поштенските филијали имаат и големо влијание на населените места и кај корисниците. Над 100.000 корисници се оштетени“, рече Боро Велигденов, претседателот на синдикатот, пред медиумите.
Инаку Еурстандард со Македонска Пошта имаа склучено договор на 15 години. За тоа од банката добиваа надомест, кој за првите 6 месеци годинава изнесува или 1,8 милиони евра, што е 20% од вкупно остараените приходи на Пошта. Со овие пари се делеа плати за 560 вработени, а вкупно ангажирани лица задолжени само за платен промет се 870.
Наташа Мерсовска
Ново на Сител
-

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната
-

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка
-

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
-

Краделе облека од продавници во Атина и ја препродавале во Тирана – уапсени осум лица
-

Мексиканката Фатима Бош е новата „Мис Универзум“
-

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна
-

Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран за подготвеноста на Киев да разговара за мировниот план на Трамп
