Влада: Спречуваме ценовен шок на енергенсите со мерките за намалено ДДВ и акцизи
Во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенски, донесовме сет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување на ценовен шок, велат од Владата на Република Северна Македонија.
Од Владата посочуваат дека државата има најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот.
-Регулаторната комисија за енергетика ја следи состојбата на дневна основа и цената се определува врз основа на методологија којашто е пропишана, во однос на цената на нафтата и нафтени деривати. Промените на цената на енергенсите на светските берзи на дневна основа се резултат на светските случувања, пред сè воената агресија врз Украина, што влијае исклучително негативно и со далекусежни последици не само врз цената на енергенсите, туку и на цената на храната и останатите основни суровини, се вели во соопштението од Владата.
Оттаму додаваат дека заедно со ресорните министерства и институции континуирано ја следат состојбата и делуваат за зачувување на општата благосостојба во услови на светска криза.
Ново на Сител
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот