Владa: Северна Македонија денеска и утре го чествува 80 годишниот јубилеј - Денот на народното востание - 11 Октомври
Република Северна Македонија денеска и утре го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.
Програмските содржини од централната манифестација, во организација на Владата на Република Северна Македонија и Општина Прилеп започнуваат денеска со свечен почеток на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во градот херој Прилеп во 18:00 часот.
На овој дел од програмата по повод 8 децении од Денот на народното востание свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна од 1941-1945, д-р Никола Стојановски, и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.
Празничната програма потоа ќе продолжи со настапот на воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија и ќе заврши со традиционалниот импровизиран напад на градот како реминисценција на настаните од 11 октомври 1941 година.
Свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и во чест на 80 годишнината од овој настан, продолжуваат утре исто така во Прилеп, во 09:00 часот, кога делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство, ќе положат венци свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу, и на спомен обележјата во Алејата на народните херои, пред споменикот „Жена борец“ и на Могилата на непобедените.
На Могилата на непобедените е предвидена свечена празнична програма и обраќања на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп Круме Соколоски.
Во Скопје, чествувањето на празникот 11 Октомври - Ден на народното востание и на јубилејот 80 години од овој настан ќе започне во меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ во Бутел во 09:30 часот.
На свеченостите во Скопје свои обраќања ќе имаат потпретседателката на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 Елена Ј. Грујовска, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Горан Мисовски.
Во градот херој Куманово, пред спомен костурницата во градот, венци свежо цвеќе ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман.
Сектор за односи со јавноста |
Генерален секретаријат |
Ново на Сител
-
Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите
-
Тема на денот со членови на Здружението „Карпалак“
-
Психијатар тврди дека Раде Трајковски – Штекли има шизофренија и не треба да му се суди
-
Од стартот на летото над 2000 сообраќајки на македонските патишта, 22 со фатални последици
-
Трите големи банки ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, вели Славески
-
Како ќе влијаат царините на Трамп врз македонската економија?
-
Паркингот на Клинички ќе има нов ценовник – Пациентите ќе плаќаат повеќе од сега, но помалку од вработените!
-
Ќе се стави ли клуч на врата на 13 сеизмолошки станици во државата?