Новите 352 пожарникари потпишаа договори
352 лица денеска потпишаа договор да помагаат во справувањата со пожарите во државава. Тие ја поминаа дводневната обука, меѓутоа ги чекаат и дополнителни обуки во противпожарните бригади каде што ќе бидат распоредени. Овие лица, според Владината мерка се невработени и за нивниот ангажман ќе земаат 24.000 денари плата. Нивните договори ќе траат до Нова Година, а потоа ќе може да им се продолжи ангажманот во пошумување на изгорените шуми, а најдобрите ќе може и да се вработат како професионални пожарникари.
Со оглед на тоа дека се без искуство, тие ќе почнат да помагаат со гаснење на поедноставни пожари вели Ангелов, а потоа чекор по чекор, како што ќе стекнуваат искуство ќе бидат ангажирани и во гаснење на посериозни опожарени места.
Македонија со години наназад кубури со пожарникари. Недостигаат околу 400тини.
Ангелов иднината вели ја гледа во развојот на доброволното пожарникарство, а со овие 352 лица кои се ангажирани за помош, смета дека ќе го ублажи недостатокот. Вчера Владата ја продолжи кризната состојба за пожарите, а институциите се подготвуваат за топлиот бран кој е најавен за следната недела.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар