Влада: Се намалува јавниот долг, обезбеден механизам за поддршка за годишен одмор за работници со ниски приходи
Владата на Република Македонија денеска на седница ја разгледа и усвои Анализата на структурата на портфолиото на јавниот долг и каматните трошоци.
На седницата, како што соопшти попладнево владината прес- служба, усвоена е информацијата дека во изминатиот период Владата повеќе се раздолжува, отколку што се задолжува и оти каматите на новите задолжувања се пониски од каматите со кои претходно биле задолжувани граѓаните.
Од страна на Владата усвоена е и постапката со која се операционализира мерката за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, за која се обезбедени финансиски средства со Ребалансот на буџетот за 2017 година.
- Со оваа мерка Владата ја продолжува туристичката сезона и обезбедува субвенции за работници со ниски приходи. Министерството за економија е задолжено за реализација на оваа мерка, а право на неа ќе имаат граѓаните, односно семејствата со приходи до 22 илјади денари, се вели во соопштението од Владата.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот