Влада: Прислушувањето е рецидив од минатите структури, случајот со ОЈО да се истражи и расчисти
Владата на Република Македонија остро го осудува случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство и смета дека ваквите појави се рецидив од минатото и пракса на минатите владејачки недемократски структури, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Тој истакна дека Владата очекува институциите со полн капацитет да се посветат на истрагата, да се расчисти настанот и јавноста да биде веднаш и целосно информирана.
– Тоа што можеме во моментов да го кажеме е дека МВР е целосно вклучено во предистражната постапка. Одговорноста мора да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница. Владата на РМ исто така ги става на располагање на ОЈО сите капацитети со кои располага доколку тоа е потребно и биде побарано, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Државниот јавен обвинтел Љубомир Јовески денеска соопшти дека од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Јавото обвинителство на Република Македонија и во два хард диска се снимани сите комуникации.
Тој рече дека се испитува дали некој имал пристап до податоците, дали се изнесени и дали некој од надвор можел да пристапи до нив. Отворена е предистражна постапка што ја води ОЈО Скопје.
Ново на Сител
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?