Влада: Пратениците во Собрание да ги поддржат измените на законите за ДДВ и акцизи
Владата денеска ги испрати до Собранието измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи.
Во дописот од Владата се наведува дека овие измени и дополнувања треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.
Како што соопшти владината прес-служба, овие закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5 отсто на 0 отсто. Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца.
Мерките за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 отсто при промет на енергенси и за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на енергенси се исто така опфатени, како и мерката за намалување на акцизата согласно берзанските цени. Со овие закони ќе се ублажи ценовниот шок предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.
Од седницата на Владата, на којашто се утврдени овие измени, е упатен апел до пратениците веднаш да ги усвојат, за да се обезбеди брза имплементација на вчера донесените мерки за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите.
Ново на Сител
-
Прва средба Муцунски-Герапетритис во Њујорк
-
Претседателката на Албанското собрание во Скопје – средба со Гаши, Ахмети и Филипче
-
Зголемена потребата од негуватели во Охрид
-
Во Штипската клиничка болница ќе се отвори Ургентен центар за тријажа на пациентите од источниот регион
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати