Влада: Пензионерите ќе ги добијат пензиите пред празниците
Владата денеска го задолжи Фондот за пензиско осигурување до 23 април да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, на кои пак им препорача да овозможат пензионерите да располагаат со своите средства од 26 април, односно пред велигденските и првомајските празници.
-Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2021 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.04.2021 година, информира владината прес-служба.
Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се оствари во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 април (понеделник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 април (вторник), за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 април (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток).
Со ова, нагласуваат од Владата, сите корисници на пензии ќе ги добијат своите средства пред првомајските и велигденските празници.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро