Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
Владата информира дека за една година исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци.
– Над 9 милијарди денари одат директно во џебовите на земјоделците. Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно, а не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени. Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, сѐ со цел да се подготват за следната година, а не како претходно кога поради неисплатени субвенции и доцнење имавме пад на земјоделското производство, се вели во соопштението.
Според Владата, Македонија се трансформира, а земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на државата.
– Една година Влада значи одговорно и посветено работење во интерес на земјоделците. Го вреднуваме трудот на македонските земјоделци. Земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на Македонија. Се обврзавме пред земјоделците и ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!, се наведува во владиното соопштение.
Ново на Сител
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули