Влада: Иницијатива за итно решавање на проблемот со водоснабдување на селото Синичане
Во Владата денеска се одржа средба на која присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за локална самоуправа Горан Милески, министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, градоначалникот на Oпштина Боговиње Албон Џемаили и претставници од месните заедници на тетовските села Синичане и Урвич, на која се разговараше за настанатите проблеми со водоснабдувањето во овие две села.
Целта на состанокот, како што соопшти владината прес-служба, беше да се разговара со сите засегнати страни за да се разберат причините за настанатата ситуација, како и да се увиди што презела досега Oпштината за решавање на снабдувањето на вода за пиење и наводнување за потребите на локалното население.
Нухиу истакна дека присуството на полициските службеници на местото каде почнаа работни активности минатиов период било исклучиво по барање на жители на околните села и проценка на полицијата по изработен оперативен план, со цел да не дојде до посериозно нарушување на јавниот ред и мир.
– Откако сите засегнати страни имаа можност да ги искажат своите мислења во врска со настанатата ситуацијата околу изградбата на водовод за жителите на Синичане, беше утврдено дека полицијата е добредојдена од сите за одржување на редот и мирот, а беше побарано од градоначалникот на Oпштина Боговиње во текот на утрешниот ден да оствари заедничка средба со претставници од двете села со цел надминување на несогласувањата и изнаоѓање на заедничко решение, се вели во соопштението.
Од изнесеното на средбата било заклучено дека од Општината сè уште не е изготвена потребната проектна документација за изградба на систем за водоснабдување за селото Синичане. Со цел побрзо решавање на проблемот и обезбедување вода за пиење за жителите, присутните владини претставници изразиле подготвеност Владата да даде поддршка на сите засегнати страни и да и помогне на Општината во обезбедување на потребната техничка документација, како би се обезбедило трајно решение за прашањето со снабдување со вода за популацијата во овој регион.
Ново на Сител
-
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија
-
Путин: Трамп направи многу за мирот
-
Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“
-
Мерц најави помош од 29 милиони евра за Појасот Газа
-
МП: Венецијанската комисија даде позитивно мислење за предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители
-
ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори
-
Коцевски со писмо до комората бара адвокатите да не го злоупотребуваат предметот Пулс
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата