Свет
10. October 2025 - 17:07

Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“

Вооружената група Хамас повеќе не е она што беше кога нејзината инвазија на Израел ја поттикна двогодишната војна во Газа, соопшти денеска претставник на израелската војска, откако започна примирјето со палестинското движење.

„Хамас не е Хамас од пред две години. Хамас беше поразен секаде каде што се боревме против него“, изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин пред медиумите.

Тој апелираше до палестинските жители во Газа да избегнуваат движење во зоните под надзор на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во оваа област.

„Ги повикувам луѓето од Газа да избегнуваат влегување во областите контролирани од ИДФ. Следете го договорот и осигурајте ја вашата безбедност“, додаде тој.

Илјадници раселени Палестинци почнаа да се враќаат кон своите разрушени домови откако денеска напладне започна прекинот на непријателствата постигнат со американско посредување, а израелските сили почнаа да се повлекуваат од делови на Газа.

МИА