Влада: Граѓаните, институциите и политичките субјекти спроведоа фер и демократски избори
Владата на Република Македонија им упатува честитки на граѓаните, на политичките субјекти и на институциите на Република Македонија задолжени за спроведување на изборите, кои докажаа дека имаат неопходни и високи демократски капацитети да организираат услови за фер и демократски избори, стои во соопштението од Владата.
- Граѓаните на Република Македонија извојуваа уште една победа за демократијата. Слободно, врз основа на слободното политичко убедување и на сопствената волја, излегоа на гласање на Локалните избори 2017 година, и го остварија своето уставно загарантирано право. Во исто време, сите институции одговорни за спроведување на регуларни избори, беа на висината на нивните професионални задолженија и обврски, и ги реализираа сите неопходни активности за спроведување на изборите, оценува Владата во соопштението за вчера одржаните локални избори.
Ново на Сител
-
Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина