Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година. За ова информираше директорката Гордана Ѓорчева - Камчева. Таа синоќа заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, го посетија првороденото бебе во оваа болница. Тоа, според директорката, значи дека гинеколошко - акушерското одделение во Болницата е на едно повисоко ниво.
-Ја враќаме довербата на пациентките, да доаѓаат во оваа болница за чинот за породување, но и за гинеколошки оперативни третмани. Да не патуваат до Скопје, да го скратат времето до исто квалитетна медицинска услуга и нега. Истото високо ниво ќе го добијат тука благодарение на нашиот тим на гинеколошко - акушерското одделение и тимот на Гинекологија и акушерство од Скопје, појасни директорката.
Притоа сподели дека гинеколошки операции во 2023 имало 59, 67 во 2024 година и 162 во годината што измина.
Оваа јавна здравствена установа е регионална и во неа здравствена заштита добиваат пациенти од четири општини. Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Но, здравствена услуга добиваат и пациенти од поширокиот регион.
МИА
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
