Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни

Вкупно 18 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 18 часот, два и сега се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи.
Во информацијата од ЦУК се истакнува дека четири пожари се под контрола, а 12 се изгаснати.
-Активни се пожарите во општина Македонски Брод - село Грешница, место викано Стојанова населба, каде горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во општина Струмица - помеѓу селата Ново и Старо Коњарево, гори стрниште - соопштија од Центарот.
Оттаму наведоа дека пожари под контрола има во неколку општини. Станува збор за опожарени депонија во Делчево, ниска вегетација и нискостеблеста шума во село Падалишта во Гостивар, дива депонија во село Долна Белица во Струга, ниска вегетација и стрниште во село Блато, во атарот на село Врбјани, општина Кривогаштани.
Изгаснатите пожари биле на територијата на општините Босилово, Валандово, Гевгелија, Гостивар, Желино, Брвеница, Неготино, Сарај, Штип, Чешиново-Облешево и два во Гази Баба.
МИА
Ново на Сител
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
-

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии
-

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот кај Палиград и Китка
-

УХМP: Утрe поплaднe локалнo невреме со пороен дожд
-

Приведени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник
