Вкупно 179 првоодделенци седнаа во училишните клупи во Крива Паланка

Во двете основни училишта во Крива Паланка учебната година ја почнаа 179 првачиња. Успех во учењето им посакаа градоначалникот на општината Борјанчо Мицевски и директроката на ООУ „Илинден“ Марица Николовска.
- Посакувам овие дечиња кои првпат се воведуваат во воспитно-образовниот процес да израснат во личности за почит, со кои ќе се гордеат сите. Ако Де Егзипери вели дека треба да му се дозволи на срцето да води низ животот, зашто тоа го знае најдобриот пат, тогаш работата е на сите нас околу овие деца, мали принцови и принцези, и на родителите и наставниците, е да помогнеме правилно да се насочат, едуцираат и воведат во сите знаења и тајни на животот, порача Мицевски.
Директорката, Николовска, рече дека училиштето треба да биде втор дом за дечињата, а наставниците-втори родители.
- Да се почитуваме сите, ученици, наставници и родители, да соработуваме бидејќи ќе имаме многу поголем успех кај децата доколку сме сите заедно и имаме соработка, рече Николовска.
Во ООУ „Јоаким Крчовски“ во учебната 2018/19 се запишани 94 првоодделенци.
- Посакувам сите вие, драги првачиња, да бидете здрави и весели, со радост и жед за знаења да доаѓате на училиште, да бидете наша гордост, и да имате многу успеси во животот, им порача директорот Дане Петровски.
Градоначалникот Мицевски ги поздрави првачињата и од ова училиште порачувајќи дека во секој од нив се крие талент, кој со помош на наставниците и родителите треба да се пробуди, стимулира и развива.
Во ООУ „Јоаким Крчовски“ во текот на летото се направени сите подготвителни активности, санации и останато, а извршена е и сезонска дезинфекција во сите објекти. И во ООУ „Илинден“ тековно се извршени потребните санации, саниран е дел oд спортската сала во Мождивњак 1, спроведени се молерофарбарски работи, извршена е и сезонска дезинфекција во сите објекти, а со Одлука на седница на Совет на општина Крива Паланка, ќе биде асфалтиран и пристапниoт терен на централното училиште.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
