Вкупно 1.272 повици на „Ало докторе“ за една недела

Изминатата недела, од 11 до 17 овој месец регистрирани се вкупно 1.272 повици на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“.
Како што информира ЈЗУ Здравствен дом-Скопје, повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата најчесто се за респираторни симптоми, покачен крвен притисок, покачена телесна температура, вирози и кашлици од ниските температури.
На 02/15 123 од 15 септември 2014 година, од кога почна да работи телефонската линија досега има 72.062 повици.
- Линијата е достапна секој ден, 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. За граѓаните се достапни вкупно 25 доктори, соопшти Здравствен дом-Скопје.
На сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Ново на Сител
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски: Додека сум премиер Македонија нема да прима мигранти
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
-

Башким Бесими нов претседател на СЈО
-

Транспаренси интернешнл: Македонија е далеку под 50-те земји кои гарантираат борба со корупција
-

Комунална полиција - потенцијално решение за ѓубрето и воспоставување ред во главниот град
