-->
-->
Вистински скандал - Почина Арнолд Шварценегер?
-->

Вистински скандал е на пат да се појави во САД, откако сајтот msmbc. објави шокантна вест за смртта на Арнолд Шварценегер. Според изданието, актерот е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Веста предизвика десетици коментари на револтирани граѓани, од кои некои откриваат дека штотуку го виделе Шварценегер на велосипед како се шета крај Холивуд.
Се уште не е јасно зошто MSMBC излегува со ваква информација. До овој момент таа не е потврдена ниту официјално од полицијата, ниту од блиските на семејството на Шварценегер. Инаку, актерот бил забележан вчера како руча со продуцентот на “Непобедливите” во врска со евентуалното излегување на четвртиот дел од филмот.
Според информациите на сајтот, полициски тим се одзвал на сигнал, од непозната жена. Откако влегле во резиденцијата на Шварценегер, полицајците откриле мртво тело во креветот. Во моментов имапремногу малку информации, а полицијата ги истражува причините за смртта.
Според изданието, кое го цитира шефот на полицијата во Лос Анџелес, Шварценегер е откриен во спалната соба во средата околу 21.30 по локално време. Извор близок до семејството исто ја потврдил смртта, додава сајтот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
-

Наместо да свика итна седница за мерки, Владата се шета во Брисел на прослави, вели Филипче
-

Владата веднаш да преземе мерки против растечките цени на нафтата
-

Нова фаза од војната на Блискиот Исток - Напади врз енергетската инфраструктура
-

Филипче: Нема да дозволам некој да не дели
