Вистинска драма во болница: Мајката откри дека бебињата се заменети
Љубовната приказна на Марси Касаналес од Ел Салвадор и Американецот Рич Крешворт е како од некој филм.
Марси се запознала со Рич додека била на студии во САД. Кога визата и истекла, таа се вратила во татковината, но тие сепак потоа се венчале и таа останала бремена. Се одело во најдобар ред. Рич редовно ја посетувал саканата во Ел Салвадор, се дури не се родило бебето.
Проблемите почнале по породувањето. Имено, кога мајката првпат го видела бебето Џејкоб, тоа било со светла кожа и наликувало на татко му, но кога и го донеле вториот пат, бебето имало доста потемна кожа и густа црна коса. Докторите сепак некако ја увериле дека тоа е нејзиното дете и ги отпуштаат од болницата.
Марси си оди дома, но мајчиниот инстинкт и вели дека тоа не е нејзино бебе. На крајот таа решила да направи ДНК тест и се покажало дека била во право и дека некој во болницата ги заменил бебињата.
По овој расплет, за среќа, и двете новороденчиња се вратиле кај своите мајки, а виновниците за грешката ќе сносат одговорност пред законот.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи