Високите планински врвови во шарскиот предел го очекуваат првиот снег
Од утре, среда, нашето подрачје ќе биде под влијание на постудена воздушна маса која ќе ни го донесе и првото „вистинско“ есенско заладување. Температурата ќе биде пониска во среда за околу 6°С во однос на вторник и ќе има вредности од 15°С до 17°С во повардарскиот регион и околу 14°С во котлините од западниот крај, пишува специјализираниот портал за временска поргноза МетеоПро
Најстуден ден неделава ќе биде четврток. Низ котлините од северниот и западниот дел од земјава максималната температура ќе има вредности околу 10°С, а во југоисточниот крај од 12°С до 14°С.
Сосема минимален и постепен пораст на температурата се очекува кон петок и сабота, но и понатаму максималната температура во земјава останува под вредност од 17°С.
Во однос на времето, се очекува облачно и врнежливо време, пред се во среда попладне, четврток во текот на целиот ден и во петок во првата половина од денот. Поголема количина на наврнат воден талог се очекува во јужниот и западниот крај.
Високите планински врвови во шарскиот предел го очекуваат и првиот снег за оваа сезона.
Ново на Сител
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО