Вишеградската група усвои декларација со предлози за посилна ЕУ
Државите од Вишеградската четворка денеска усвоија заедничка декларација со предлози за идниот развој на ЕУ, која ќе биде претставена на средбата на врвот на Унијата во Рим на 25 март, изјави полскиот премиер Беата Шидло по средбата со своите колеги од Словачка, Унгарија и Чешка.
Во документот се нагласува потребата од зачувување на единството на ЕУ и заедничкиот пазар, како и поголема контрола на земјите членки врз процесите на донесување решенија.
Според Шидло, реформата на ЕУ треба да се заснова врз еднаквоста на интересите на сите земји членки.
- Ние сме против поделбите во ЕУ и никогаш нема да се согласиме со било какви поделби, бидејќи тоа е најдиректниот пат кон ослабување на Европа, нагласи полскиот премиер.
Тој, исто така, повика евентуалните промени во еврозоната да не им наштетат на останатите земји членки.
Ново на Сител
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот