Вишеградска група: Да се надмине политичката криза и да се формира влада
Од клучно значење за Република Македонија е надминувањето на политичката криза и што поскоро формирање на Влада која ќе биде посветена на европската агенда и економски развој и која ќе има капацитет да се справува со предизвиците од мигрантската и безбедносната криза.
Ова беше истакнато во однос на актуелната политичка состојба во земјата, на денешниот традиционален работен ручек на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со амбасадорите на земјите – членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија - амбасадорот на Република Полска Јацек Мултановски, на Чешката Република Мирослав Рамеш, на Словачката Република Мартин Безак и со амбасадорот на Унгарија Ласло Иштван Дукс.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, амбасадорите се согласија дека е неопходен исчекор на земјата во однос на европските и евроатланските интеграции.
- Претседателот Иванов ја поздрави континуираната поддршка од Вишеградската група за одржување на динамиката на процесот на проширување на ЕУ и силната поддршка за што поскоро започнување на преговорите за членство на Република Македонија, стои во соопштението.
Соговорниците на средбата размениле мислења и околу можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, како и за предизвиците со кои се соочува Европската Унија и Европа и позициите на земјите од Вишеградската група во однос на клучните предизвици.
Македонскиот претседател, се наведува, се заблагодари за личниот ангажман и посветеноста на амбасадорите во унапредување на односите со Република Македонија, како и за доследната помош од овие земји во справување со мигрантската криза.
Амбасадорите, пак, се посочува, ги реафирмираа заложбите за продолжување на меѓусебната соработка во справување со мигрантската криза и со безбедносните предизвици на земјите од Централна и Источна Европа.
На средбата било разговарано и за претстојните активности и планови за размена на посети на највисоко ниво меѓу Република Македонија и земјите од Вишеградската група, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав