ВИП со Близу оствари 32 милиони евра приходи за првото полугодие
Приходите на Вип - оператор, подружница на Телеком Австрија Групација во Македонија, вклучувајќи го и Близу, за првите шест месеци од 2015 година изнесуваат 32 милиони евра, додека во истиот период заработката пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (ЕБИТДА) достигна 7,2 милиони евра.
Како што соопшти вчера Телеком Австрија Групацијата, оперативните трошоци се зголемиле за 14 проценти споредено со истиот период од минатата година.
- Како резултат на силната конкуренција во мобилниот сегмент и трендот на намалување на вкупната пенетрација на пазарот, бројот на мобилни корисници се намали до 608.000 корисници, при што пазарниот удел на Вип остана на ниво од 28,4 проценти. Со аквизицијата на Близу, сегментот Македонија брои околу 87,000 фиксни пристапни линии за првите шест месеци од 2015 година, се вели во соопштението.
Во јули 2015 година Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија го одобри спојувањето на подружницата на Телеком Австрија Групацијата, Вип оператор и на подружницата на Телеком Словенија Груп, Оне. Согласноста е издадена врз основа на одредени обврски, меѓудругото и за обезбедување услуги на нови вирутелни мрежни оператори од страна на новоформираниот субјект. Затворањето на трансакцијата се очекува во четвртиот квартал од 2015 година.
Ново на Сител
-
Во Хрватска ден на жалост
-
Напад на божиќен пазар во Магдебург: Еден загинат и десетици повредени
-
Руски брод испрати аларми за помош во Керченскиот теснец поради недостиг на храна
-
Облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани