Напад на божиќен пазар во Магдебург: Еден загинат и десетици повредени

Најмалку едно лице го загуби животот, а десетици се повредени откако автомобил влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, јавува државниот радиодифузер MDR.
Според полицијата, инцидентот се случил вечерва, кога возило се забило директно во посетители на пазарот. Германската агенција ДПА, повикувајќи се на локалните служби за спасување, јавува дека се повредени меѓу 60 до 80 лица.
Возачот на автомобилот е приведен, соопштуваат локалните медиуми. Сведоци изјавиле дека возилото се движело право во насобраната толпа, јави Би-Би-Си.
Министерството за внатрешни работи на регионот Саксонија-Анхалт го квалификува инцидентот како напад. Канцеларот на Германија, Олаф Шолц, реагираше на настанот, изразувајќи стравување дека инцидентот може да има тешки последици.
„Моите мисли се со жртвите и нивните најблиски. Ние сме со сите жители на Магдебург и изразуваме длабока благодарност до итните служби во овие тешки часови,“ изјави Шолц преку социјалните мрежи.
Премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф, изјави дека ова е „страшен настан, особено во деновите пред Божик“ и се упати кон Магдебург за поддршка на локалните власти.
Полицијата и понатаму работи на расветлување на мотивите и околностите на инцидентот.
Ново на Сител
-

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел
-

Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди
-

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
