Виница ќе гради акумулација и мини хидроцентрала на Градечка река
За трајно решение за квалитетно водоснабдување на Виница и околните населени места Градец и Лески ќе се гради мини акумулација и мала хидроцентрала на Градечка река.
За оваа цел, Управниот одбор на ЈКП „Солидарност“ од Виница, информира директорот Игор Спасевски на ЈКП, донесе одлука за започнување на постапката по пат на јавно-приватно партнерство да се градат овие два капитални објекти.
Според Спасевски, Советот на општина Виница за оваа тема ќе расправа и на престојната седница на закажана за в петок.
Согласно проектната документација која општина Виница веќе ја подготви, приватниот инвеститор ќе треба да изгради цевковод во должина од 3.450 метри со што остатокот од водата од главниот цевковод ќе го транспортира до МХЕЦ Виница, додека со пластичен цевковод во должина од 90 метри ќе ја враќа водата во Градечка река.
Во втора фаза од овој проект, истакнува Спасовски, инвеститорот ќе гради брана за акумулирање на доволни количини вода за да може хидроелектраната постојано да се снабдува со вода.
- Бенефитот од оваа инвестиција за жителите од општина Виница ќе биде моше голем. Ќе се нормализира водоснабдувањето во градот и населените места Градец и Лески, а површините кои се наводнуваат по течението на Градечка река ќе имаат доволни количини на вода за наводнување, истакнуваат од општина Виница.
Ново на Сител
-
Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина доколку Пекинг почне трговски преговори со САД
-
Нова кривична пријава за ректорот на Универзитетот во Белград, нема да има средба со српскиот премиер
-
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор
-
Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево за злоупотреба на службената положба
-
РЕК Битола: Присуството на прашина при поинтензивен ветер е позната појава, работиме на нејзино минимизирање
-
Украдени се две бронзени бисти на гробиштата во „Бутел“
-
Со фалсификат документи „аудито“ на вонбрачната партнерка го регистрирал на негово име
-
Јаневска: Две третини од слободните места се за упис во стручните училишта