Виница ќе добие петгодишна стратегија за развој на туризмот
Локалната самоуправа на Виница почна со изработка на стратегија за развој на туризмот за периодот 2020-2024 година, а за што поддршка обезбеди и од Министерството за економија.
Во рамки на активностите околу подготовката и прибирањето на неопходните податоци се одржа првата работилница на која своите ставови, забелешки, сугестии и идеи ги изнесоа претставници од општинската администрација, од невладиниот и од бизнис секторот. Исто така, учествуваа и професори од штипскиот Факултет за туризам и бизнис логистика и членови на здружението „Туристика“ од Скопје.
-Виница како претежно рурална средина има огромен потенцијал, а изработката на стратешкиот документ не е поврзан само со општината, туку и со целиот регион во кој туризмот има значајно место. Визијата за туристичкиот развој, што произлезе од работилницата, е да се спои културното наследство со современите тенденции. Притоа, развојот на квалитетни човечки и институционални капацитети, развојот на туристичката инфраструктура и проширувањето на туристичката понуда, промоцијата и заштитата на постојните ресурси се трите основни приоритети за изработка на стратегијата, истакна Оливер Филипоски, професор на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Во дебатата на работилницата беа претставени слабостите и позитивните можности за секој од приоритетите, што на крајот како заклучоци ќе бидат сублимирани во стратешкиот документ.
За изработка на стратегијата за развој на туризмот, Општина Виница вложува околу 300 илјади денари, а според склучениот договор со здружението „Туристика“, во печатена и електронска форма треба да биде готова до крајот на април.
Ново на Сител
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа
-
Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани да размислат дали ќе паднеме во замката која ја сервира ДУИ или ќе зборуваме за нови проекти
-
ЦУК: Два активни пожари, во НП „Јасен“ и во струмичко Сарај
-
Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС, ова не е тема за политички поени
-
Велес: Вработен во црква нападнал 66-годишна жена во дворот на црквата
-
Изминатиот викенд 1172 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 459 за брзо возење
-
Илија Танчев од Пловдив е исчезнатиот нуркач по кој се трага во Охридското Езеро | ФОТО
-
Протести за поддршка на палестинскиот народ на над 100 локации низ цела Грција