-->
-->
Винчи противничка на Шарапова
-->

Италијанската тенисерка Роберта Винчи е првата противничка на Марија Шарапова која се враќа на терените по 15-месечната суспензија поради користење недозволиви средства.
Русинката доби специјална покана да настапи на турнирот во Штутгарт, на што реагираше Винчи.
- Не се согласувам со вајлд-картите и тоа е мое мислење. Шарапова е одлична тенисерка. Таа направи грешка и ја плати казната, но не треба да и се дава помош туку сама да се избори за учеството. Знам дека е важна за тенисот, но верувајте дека многу тенисерки ќе се сложат со моето мислење кога станува збор за специјалните покани, изјави Винчини.
Винчи и Шарапова својот дуел ќе го имаат утре со почеток во 10 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот