Вимблдон ќе исплати вкупно 10 милиони фунти на 620 тенисери
Парите од наградниот фонд, издвоени за Вимблдон, ќе бидат дистрибуирани на 620 играчи кои требаа да учествуваат на годинешниот турнир, кој беше откажан заради коронавирусот, објави „АЕЛТК“.
Отвореното првенство на Британија, првично закажано за 29-12 јуни, за прв пат е откажано во време на мир, заради коронавирусот, во кој загинаа повеќе од 44.000 луѓе во земјата.
– Сега сме во состојба да ги распределиме парите од наградниот фонд на овие 620 тенисери, чие рангирање на светската ранг-листа ќе им овозможи директно да влезат во главната ждрепка или квалификациите. Од вкупно 10 милиони фунти, „АЕЛТК“ ќе ги распредели парите од наградниот фонд со оглед на околностите од оваа година и во духот на распределбата на наградниот фонд на „АЕЛТК“ во последниве години, се вели во соопштението.
Оттаму соопштија дека 224 играчи во сингл ќе добијат по 12.500 фунти, бидејќи се запишани во квалификациите, додека 256 играчи во главната ждрепка ќе добијат по 25 000 фунти. Играчите во двојки ќе добијат по 6.250 фунти, а лицата со посебни потреби ќе добијат по 6.000 фунти.
– Задоволни сме да објавиме дека нашата полиса за осигурување ни овозможи да го дознаеме ефектот на откажувањето врз играчите и сега сме во состојба да ја понудиме оваа исплата како награда за напорната работа што ја вложивме, рече извршниот директор на „АЕЛТК“, Ричард Луис.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка