Тенис
10. July 2015 - 11:28

Вимблдон: Битка за влез во финалето во машка конкуренција

Неофицијалното "Светско првенство" во тенис, како го нарекуваат Гред слем турнирот во Вимблдон, влегува во најинтересниот дел.

 
Денеска на програмата се полуфиналните натпревари во машка конкуренција.
 
Во првиот меч за пласман во финалето, кој ќе се игра на Централниот терен со почеток од 14 часот по македонско време, ќе излезат светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ и Французинот, Ришард Гаскет.
 
Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Швајцарецот, Роже Федерер кој е втор носител во Лондон, а кој за противник ќе го има миленикот на лондонската публика Енди Мареј кој е 3-носител.