Вилијам Шетнер заработи тужба за татковсто „тешка“ 170 милиони долари
Американецот Питер Слоан, поднесе тужба со барање за 170 милиони долари отштета, против ѕвездата на првата генерација „Ѕвездени патеки“, Вилијам Шетнер, за кого тврди дека му е татко.
Според Слоан, неговата мајка, канадската актерка Кејти Мекнил имала љубовна афера со Шетнер, при што останала бремена и тукушто роденото дете го дала на посвојување пет дена по породувањето.
- Со годината го истражував своето потекло на сите можни начини и ова се фактите, тврди мажот, кој на Шетнер уште во 1984 година му кажал дека е негов син. - Кога слушна дека само сакав да го прегрнам, тој се расплака, тврди Слоан.
По порвата средба, Слоан и Шетнер се виделе уште неколу пати, по што актерот прекинал да му одговара на повиците. Наместо тоа, Слоан добил писмо од адвокатот на Шетнер, кој му порачал дека актерот „нема време да се јавува на секого, кој ќе тврди дека можеби му е син“.
Слоан тврди дека уште од 80-ти години на минатиот век го молел Шетнер да направат тест за татковството, но бидејќи тој досега го одбивал тоа, сега решил вистината да ја дознае по судски пат.
Ново на Сител
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП