Виктор Димовски, државен секретар во МНР
Амбасадорот Виктор Димовски со решение на министерот Никола Димитров е поставен за нов државен секретар во Министерството за надворешни работи, соопшти МНР.
Виктор Димовски е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Србија и Црна Гора, како и во Државата Израел. Покрај тоа, извршувал и други одговорни должности во МНР, помеѓу другото и помошник министер, државен советник и специјален советник. Воедно, бил Национален координатор на Република Македонија во повеќе регионални иницијативи, претседавач на Комитетот на политичките директори на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претседател на македонскиот дел на Државната Комисија за утврдување на границата со СР Југославија. Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски беше директор на Агенцијата за разузнавање.
Ново на Сител
-
Средба на лидерите на ВЛЕН
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу