Викиликс: Еквадор го прекина пристапот на Асанж до интернет
Викиликс соопшти дека Еквадор го прекинал пристапот до интернет на основачот на оваа веб страница, Џулијан Асанж, кој престојува во еквадорската Амбасада во Лондон.
Како што јави Би-Би-Си, засега нема официјална потврда на соопштението на Викиликс, а не се позанти ни евентуалните мотив на Еквадор за донесување таква одлука.
Вработен во еквадорската Амабасада во Лондон телефонски за британскиот јавен радиодифизен сервис само изјавил дека „не може да открие каква било информација“.
Би-Би-Си наведува дека амбасадорот на оваа јужноамериканска земја, одбива да ги коментира тврдењата на Викиликс, што ја создаде Асанж пред десет години, а каков било коментар за случајот не сакала да даде ни лондонската Метрополитен полиција.
Џулијан Асанж од јуни 2012 година се крие во зградата на еквадорската Амбасада во Лондон, каде се засолни со цел да не биде екстрадиран во Шведска, каде е осомничен за сексуално насилство.
Во август тој доби политички азил од Еквадор, но не може да отпатува за оваа земја, затоа што ќе биде веднаш уапсен од британската полиција, доколку излезе од зградата на Амбасадата.
Викиликс деновиве објави хакирани приватни мејлови на Хилари Клинтон, а минатиот викенд и транскрипт од платениот говор на демократскиот претседателски кандидат во банката „Голдман и Сакс„ што нејзиниот штаб досега не сакаше да биде јавно презентиран.
Изборниот штаб на Клинтон, хакирањето го означи како кибер напад диригиран од руски хакери, за да им се наштети на Демократската партија и на нејзиниот кандидат.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за 42-годишната жена која вчера со автомобил удри во пешак
-
Малолетничка од Скопје физички нападната од таткото и братот
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст