Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје викендов исчистиле десетина диви депонии во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпош.
Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, екипите чистеле на улица „Самоилова“ во општина Чаир, каде во непосредна близина на Музејот на современа уметност се подигнати приближно 15 кубни метри градежен отпад одложен на сообраќајна површина.
Во општината Центар се расчистени вкупно 10 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на неколку локации долж улицата „Орце Николов“.
На улицата „Февруарски поход“ во скопската општина Аеродром се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен органски отпад, додека на булеварот „Партизански одреди“ кај Порта Влае и на улицата „Московска“ во општината Карпош отстранети се 20 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни површини.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје расчистиле и обемна дива депонија лоцирана на улицата „Димо Хаџи Димов“ во скопската општина Кисела Вода, каде се подигнати и транспортирани 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања.
Ново на Сител
-
Во Црна Гора спасени 14 лица заглавени во снег, регистрирани најсилни урагански ветрови
-
„Порше“ бележи пад на продажбата во светот
-
Снег до среда, а потоа стабилно и студено време
-
Песков: Многу земји би сакале да бидат платформа за средбата Путин-Трамп, рано е да се зборува за тоа
-
Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци
-
Македонци плаќале по 1.000 евра за бугарски пасоши, Косовци 5.000 евра
-
Фондацијата на Бијонсе донира 2,5 милиони долари за погодените од пожарите во Лос Анџелес
-
Во целосен прекин сообраќајот на патниот правец Крушево – с.Пуста река